Жената која прва во светот ја прими вакцината на „Фајзер“, вакцинирана и со втората доза

Од:

Првата личност во светот што ја прими вакцината на Фајзер против коронавирусот, 90-годишната Британка Маргарет Кинан, ја прими и втората доза, јави Би-Би-Си.

Болницата во Ковентри потврди дека Кинан ја примила втората доза, 21 ден по првата.

Професорот Енди Харди од Универзитетот во Ковентри изјави дека целиот тим е воодушевен што „Маргарет безбедно ја примила втората доза од вакцината“.

– Таа стана првата личност во светот што ја прими вакцината на Фајзер откако беше клинички одобрена. Нашиот медицински тим цело време контактираше со неа и нејзиното семејство и среќни сме што таа добро закрепнува дома, откако беше пуштена од болница, рече професорот Харди.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон