Жена со нож тешко рани најмалку шестмина во Германија

Од:

Шест лица се повредени, од кои три се во критична состојба, во напад со нож во автобус во градот Зиген во Западна Германија. Тие биле нападнати од 32-годишна жена, која била уапсена.

Најмалку 40 луѓе патувале со автобус до градскиот фестивал во Зиген, на околу 75 километри од Келн.

Иако првично беше кажано дека пет лица се повредени, во текот на ноќта тој број се зголеми. Повредените се во тешка состојба.

Инцидентот се случи само една недела по фаталниот напад со нож во градот Солинген, исто така во западна Германија, кога напаѓач уби три, а повреди осум лица.

Осомничениот сторител, 26-годишен Сириец е во притвор. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката Исламска држава, иако германските власти сè уште ја истражуваат вистинитоста на наводите.

Полицијата во Зиген ги повика граѓаните „да не шират лажни вести на социјалните мрежи или други канали, а особено да не го поврзуваат инцидентот со терористички напад“. Од полицијата посочуваат дека нападот се уште не го поврзуваат со некаков терористички акт и дека случајот се истражува.

Би можело да ве интересира

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Селаковиќ: Се чувствувам добро, синоќа непознато лице ме нападна од зад грб

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски