Жена со чешко потекло се преправала дека е афроамериканка

Од:

САД ги потресе голем скандал кога се откри дека една бела жена, претседателка на престижната Национална организација за унапредување на правата на луѓето со различна боја на кожата, неколку години се трансформирала во афроамериканка.

Како што пренесуваат чешките медиуми, Рејчел Долежал која има чешко потекло, својот изглед го трансформирала до совршенство и дури предавала на Универзитет за животот на црномурестите во Америка, јави дописникот на МИА од Прага.

Американските медиуми успеале да откријат дека се работи за измама наоѓајќи ги вистинските родители на Долежал кои неколку години не ја виделе својата ќерка бидејќи таа одбивала да има контакт со нив.

Тие тврдат дека таа нема афроамериканско потекло, туку чешко, шведско и германско.

Нејзиното семејство посвоило четири црномурести деца со кои Рејчел ја поминала младоста.

Самата Рејчел, која тврдела дека нејзиниот татко-белец е всушност нејзин очув и дека нејзиниот вистински татко е афроамериканец, по откривањето на аферата не контактира со медиумите.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница