Жена пронајдена благодарение на порака испишана во песок

Од:

Шеесет и осумгодишната Линет Џојс Бонд, која четири дена беше изгубена во национален парк во австралиската држава Викторија е пронајдена благодарение на пораката за помош, која ја напишала во песок.

Спасувачките служби во сабота добиле повик од минувач кој го пронашол нејзиниот автомобил, на кој имало порака дека не е во исправна состојба.

-Отидов по помош до Мекилопсовиот мост – напишала Линет Џојс.

Од тогаш никој не ја видел ниту слушнал, додека локалната полиција, спасувачките служби, волонтери и полициски авион ја пребарувале територијата.

Во текот на потрагата пронашле некои нејзини работи, а подоцна ја виделе и пораката дека и потребна помош.

Спасувачите со авионот ја забележале жената на крајбрежјето на реката Сноу на кое со големи букви во песокот било напишано „Помош“, изјави портпаролката на полицијата, Леони Џонсон.

Од полицијата соопштија дека се уште не им е јасно како преживеала во националниот парк, 325 километри источно од Мелбурн.

Местото на кое што е пронајден нејзиниот автомобил е недостапно поради тесните и стрмни падини до мостот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ