Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Од:

Шеесет и тригодишна жена беше извлечена од урнатините 91 час по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар.

Таа беше спасена утрово во Најпидав, главниот град на Мјанмар. Ова е вистинско чудо, ако се земе предвид колку време помина.

Досега се пријавени повеќе од 2.700 смртни случаи, а се очекува бројката да надмине 3.000. Исто така, повредени се 4.521 лице, а 441 се водат како исчезнати.

Покрај жртвите, повеќе од 10.000 згради се уништени или сериозно оштетени, особено во централниот и северозападниот дел на Мјанмар.

Во Мандалеј, вториот по големина град, 50 деца и две учителки ги загубија животите при уривање на градинка. последователните потреси и стравот од други земјотреси принудија многу луѓе да спијат надвор на улиците или на отворено на полињата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Камчатка: Нема жртви, има само материјална штета

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Русија

А1он

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди Иран

Силен земјотрес ја потресе Алјаска

Земјотрес во Црна Гора

А1он

Земјотрес во Црна Гора во близина на Никшиќ