На жена од Тајланд и е ампутирана ногата откако се заглави во подвижна лента на аеродромот во Бангкок.
57-годишната патничка требало да се качи на лет од аеродромот Дон Муанг во Бангкок, но се сопнала преку куферот, по што левата нога и била фатена во механизмот на крајот од подвижната лента, пишува Дејли.
Случајните минувачи се обиделе да го активираат прекинувачот за итни случаи за да ја запрат подвижната лента, но машината продолжила да ги кине мускулот, тетивата и коската на екстремитетот на жената.
Медицинскиот тим кој пристигнал на местото на настанот завршил да и ја ампутира левата нога над коленото, соопштија аеродромските власти.
Жената потоа била пренесена во болницата Бумибол Адуљадеј во Бангкок.