Една 61-годишна жена од Сингабур, со својата „мазда“ се удрила во скалите од пешачки мост, откако во својот автомобил видела бубашваба.
Кога жената го здогледала инсектот таа изгубила контрола над воланот и излетала од патот. За среќа таа била сама во автомобилот и со лесни повреди била превезена во локална болница.
Полицијата започнала истрага, но се уште не е познато дали против жената ќе биде покрената тужба.