Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

Од:

Биотехнолошката компанија со седиште во Сингапур, BioAcumen Global, создаде специјален ПЦР тест кој може да ја одреди варијантата на коронавирусот Омикрон, објави денеска сингапурскиот весник „Стрејтс тајмс“.

Тоа значи дека се можни три вида резултати од тестот: позитивен на коронавирус и на Омикрон, позитивен на коронавирус, но негативен на Омикрон или целосно негативен, објасни авторот на проектот.

Во моментов, при спроведување на традиционалните ПЦР тестови се неопходни дополнителни истражувања за да биде откриена новата варијанта. Ова во просек трае уште еден ден, објаснуваат експертите. Со новиот развој, на специјалистите ќе им бидат потребни само неколку часа за да го потврдат или негираат присуството на Омикрон.

Компанијата истакна дека веќе започна со масовно производство на тестови, кои првично ќе се користат на граничните премини во земјава.

Досега во Сингапур се регистрирани три увезени случаи на инфекција со Омикрон.

Би можело да ве интересира

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска