Жена е пронајдена 30 години по нејзиното исчезнување, „спасот“ го пронашла 2.700 км од дома

Од:

Луѓето кои исчезнале пред повеќе од 30 години често не се наоѓаат живи, но тоа не е случај со 82-годишната Патриша Копта. Откако исчезнала без трага од својот дом во американската сојузна држава Пенсилванија, таа била пронајдена жива во Порторико.

„Не би поверувале низ што поминала. Да се ​​знае дека е жива е огромно олеснување“, изјави Боб Копта, кој со неа беше во брак 20 години во времето на нејзиното исчезнување.

Патриша, пред да и се изгуби секаква трага, покажала знаци на влошена психичка состојба. Таа беше многу религиозна и тврдеше дека Богородица ѝ се јавила и ја предупредила за претстојниот нуклеарен армагедон. Редовно одела на концерти и игри, каде што им кажувала на луѓето да си одат дома затоа што на светот му се ближело крајот.

Патриција исчезна во 1992 година и со децении немаше ниту една трага од неа, освен писмото што го испрати до нејзиниот сопруг во кое тврдеше дека некој ја следи, што често го кажуваше и пред исчезнувањето. Пред нејзиното исчезнување изјавила и дека би сакала да се пресели во Порторико поради потоплото време.

Поради долгото отсуство, таа беше прогласена за мртва. Таа отишла во Порторико, 2.700 километри од нејзиниот дом, објави Гардијан. Таму, во јуни 1999 година, била примена во дом за стари и изнемоштени лица, каде што не сакала да им открие ништо за својот живот на негувателките, освен што на островот пристигнала со брод од Европа.

Како што одминуваше времето, а на Патриша и се слоши, таа почна да открива се повеќе детали за себе. Социјален работник и агент на Интерпол се посомневале во нејзиното вистинско потекло и ја известиле полицијата во Пенсилванија. Локалната полиција им испратила ДНК на сестрата на Патриша, со чија помош било утврдено дека навистина е таа.

„Патриша Копта е жива и здрава, барем со оглед на нејзината возраст и здравје“, рече заменик-началникот на полицијата Брајан Колхеп.

Боб Копта не се ожени повторно по неа, а тој и нејзината сестра Глорија Смит би сакале Патриша да се врати дома и да се соедини со нејзиното семејство. Засега не е сигурно дека тоа ќе се случи бидејќи има големи физички и психички проблеми, а на персоналот од домот во кој престојува им рекла дека сака да остане во Порторико.

Би можело да ве интересира

Пронајдена исчезнатата Македонка во Грција – се качила во погрешен автобус

Анита Петровска Рајковиќ

По еден ден потрага пронајдени таткото и ќерката-отишле по мед, заглавиле во снег

Исчезна малолетничка од Ѓорче Петров

Се трага по изчезната 37-годишна жена од пехчевско

Жарко Настоски

Телото најдено во Вардар е на исчезнатата жена од Драчево