Жена бомбаш-самоубиец уби шест верници во црква

Од:

Жена бомбаш-самоубиец уби денеска шест верници во христијанска црква во Потискум, град на североистокот на Нигерија, кој беше мета на напади и три недели порано, соопштија очевидци и полицијата.

– Луѓето само што влегуваа во црква кога жената бомбаш влезе, инаку бројот на жртвите би бил поголем, рече претставник на Црвениот крст Хасан Алхаџи Мухамед, кој го посети местото на експлозијата на периферијата на Потискум.

Самоубиецот се разнесе среде христијанската црква Редимед, во најновиот во серијата бомбашки и оружени напади за кои се обвинуваат екстремистите на Боко Харам, кои минатата седмица убија околу 200 луѓе во Нигерија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он