Железничка несреќа во Холандија: Воз удрил во кран, па излетал од шините, има мртви

Од:

Најмалку едно лице загина, а 30 се повредени, од кои многу потешко, кога рано утринава во Холандија патнички воз со околу 50 патници излета од шините.

Возот излетал од шините откако удрил во градежен кран на пруга соопшти холандската служба за итни случаи.

Спасувачките екипи се на местото на несреќата во Воршотен, село во близина на Хаг, соопштија холандските власти, пренесува Ројтерс.

Противпожарната и итната служба за холандското радио изјавиле дека 19 лица се пренесени во болница, а на останатите им била укажана помош на лице место.

Првиот вагон на ноќниот воз од Лајден за Хаг излета од шините по судирот и налета во поле, јави холандската новинска агенција АНП.

Според информациите, вториот вагон се превртел на страна, а во последниот вагон избувнал пожар, но тој брзо бил изгаснат.

Засега нема прецизни извештаи за причината за несреќата.

Холандските железници објавија на Твитер дека возовите меѓу Лајден и делови од Хаг се откажани поради несреќата.

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Еден загинат, 25 повредени во судир на воз и камион во Германија

Силна експлозија во Холандија

Воз прегази две девојки во Србија

А1он

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Две лица загинаа, а тројца се повредени во судир на товарен воз во Тексас