Жан-Марк Ејро нов шеф на француската дипломатија

Од:

Поранешниот премиер Жан-Марк Ејро, денеска е назначен на местото министер за надворешни работи на Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.

Жан-Марк Ејро доаѓа на местото на Лоран Фабиус кој е назначен за претседател на Уставниот совет на Франција, но кој и понатаму останува со министерска функција како претседавач со КОП.

Во владата влегува и лидерот на Зелените и еколозите Емануел Кос, со што зелените се враќаат во владата. Таа ќе ја има функцијата минисер за станбени прашања.

Францускаат влада доби и нова министерка за култура и комуникации Одре Азуле, која доаѓа на местото на Флер Пелеран.

Францускаат влада предводена и понатаму од Мануел Валс брои 38 членови, меѓу кои има многу млади, посебно меѓу државните секретари.

Ова е најверојатно последната промена во владата, пред претседателските избори во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски