Зградата во Берлин каде беше уапсена Даниела Клет попладнево е евакуирана поради можна бомба

Од:

Зградата во Берлин, каде во понеделникот беше уапсена Даниела Клет (65), попладнево е евакуирана откако полицијата пронашла сомнителен предмет.

„Зградата е евакуирана. Пронајден е сомнителен предмет за кој постои сомневање дека е експлозив“, изјави портпаролот на полицијата.

Единици за отстранување експлозив се внатре и засега не е познато за што станува збор.

Се уште не е познато каде е пронајден сомнителниот предмет.

Соседите од понеделникот се во шок, откако дознале дека во нивната зграда со години живее една од најбараните криминалци.

– Мораме да излеземе, изгледа нашле експлозив, рекол еден од соседите.

За потсетување, полицијата се сомнева дека Даниела и нејзините соработници се виновни за нападот на затворот Витерштад во Хесен. Потоа активирале 200 килограми експлозив, а штетата изнесувала околу 90 милиони германски марки.

Тие се осомничени и дека ограбиле супермаркет и камион за транспорт на пари. Се претпоставува дека украле повеќе од два милиони евра.

По апсењето, Данијела со хеликоптер била однесена во затвор.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот