Зголемено користење на канабис, екстази и кокаин во Франција

Од:

Користењето на канабис, екстази и кокаин е во пораст во Франција, според првите резултати од барометарот за Здравјето за 2014 година, објавен од страна на Француската опсерваторија за дроги и токсикоманија и Националниот институт за здравствена превенција и воспитување, јавува дописникот на МИА од Париз.

Канабисот или марихуаната е најкористениот забранет производ во Франција, кој го експериментирале најмалку еднаш во нивниот живот 42 отсто од испитаните на возраст од 18-64 години во 2014 година.

Дури 11 проценти од испитаните изјавиле дека зеле канабис во текот на 2014 година, а нивниот број бил 8 отсто во 2010 година. Порастот на потрошувачите на канабисот се зголемува посебно кај жените на возраст од 18 до 40 години и кај мажите на возраст од 18 до 55 години. Максималното ниво на користење на канабисот е достигнато кај младите на возраст од 18-25 години, каде дури 34 проценти од мажите и 23 отсто од жените ја користеле оваа дрога, а во 2010 година нивниот број бил 29% и 17%.

Растот на потрошувачката се должи според испитувањето на „развојот на понудата“, но исто така и на „самокултивирањето“ на дрогата, но исто така и на „смолата“ од канабис, во која стапката на ТХЦ (активната состојка на производот) е во силен пораст.

Раст е забележан и во потрошувачката на хемиски дроги, посебно во контекст на прослави и на работно место, пред се на екстази во форма на таблетки или во форма на пудра и кристал. Оваа дрога ја експерементирале 4,3 отсто на лицата на возраст од 18-64 години.

Нејзиното користење во текот на годината помина од 0,3% во 2010 на 0,9% од испитаните во 2014 година. Најмногу оваа дрога ја трошат младите на возраст од 18-25 години, меѓу кои  дури 3,8% изјавиле дека земале, додека 1,3% кај тие на возраст од 26-34 години.

Кокаинот го експериментирале 5,6% од лицата на возраст од 18-64 години најмалку еднаш во својот живот во 2014, во 2010 нивниот број беше 1,2%. Нешто повеќе од 1% ја зеле оваа дрога во текот на годината, наспроти 0,9% во 2010. Потрошувачката на кокаин е поголема кај лицата на возраст од 18-25 години, дури 3,1% и 2,2% кај тие на возраст од 26-34 години.

Испитувањето покажува дека експериментирањето со хероинот, халуцигените печурки или ЛСД е многу помало во споредба со другите дроги, чија потрошувачка кај населението не е поголема од 0,2%.

Во ова испитување беа опфатени  15 000 лица на возраст од 15-75 година испитувани меѓу декември 2013 и мај 2014 година. Овие испитувања се вршат секои пет години во Франција.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата