[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Минатата година биле уапсени 232 новинари, што претставува рекорден број, стои во соопштението на Комитетот за заштита на новинарите. Во извештајот стои дека новинарите ги уапсуваат најчесто под обвинение за тероризам, но и други антидржавни активности.
Комитетот наведува дека ова е најголемиот број уапсени новинари уште од првиот извештај објавен во 1990 година, пренесоа американските медиуми.
Покрај тоа, минатата година додека биле на својата должност биле убиени 70 новинари, што е за 43 отсто повеќе отколку во 2011 година.
„Борбата за контрола на информациите е напад на граѓанската одговорност, што не може да се толерира. Владите мораат да им судат на виновниците и да ги запрат оние кои се обидуваат да оневозможат јавноста да добие увид во критичното и објективното известување“, изјави директорот на Комитетот, Роберт Махони.
Извештајот ја опфати и „Ризичната листа“ од 10 земји, кои лани биле најопасните за новинарите. Забелажан раст на убиени новинари има во Пакистан, Сомалија и Бразил, најмногу им се закануваат на новинарите во Еквадор, Турција и Русија, а најмногу уапсени има во Етиопија, Турција, Виетнам, Иран и Сирија. Меѓутоа, најсмртоносна земја за новинарите во 2012 година, беше Сирија, каде беа убиени 28 новинари.