Зголемен бројот на самоубиства меѓу американските војници

Од:

Бројот на извршени самоубиства меѓу американските војници за време на пандемијата на коронавирусот се зголемил за 20 отсто во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на претставници на армијата, военовоздухопловните сили и експерти за психичко здравје во САД.

– Бројот на случаи со психички проблеми е зголемен. Не можам да тврдам дека е поради коронавирусот. Но има директна поврзаност: по ширењето на коронавирусот, бројот на самоубиства е зголемен, изјави американскиот секретар за армијата на САД, Рајан Макарти, додавајќи дека не станува збор само за поголем број на самоубиства, туку и на убиства и насилно однесување.

Како што соопштуваат вооружените сили, набљудуваниот тренд може да биде поврзан со зголемување на нестабилноста, како финансиската, така и психичката, бидејќи пандемијата го зголемила нивото на стрес меѓу војниците.

Во периодот од април до крајот на август почесто барале психијатриска помош и ветераните, чии симптоми на посттравматско стресно нарушување се влошиле.

Во САД досега се регистрирани над 7,1 милион заразени случаи со коронавирус и повеќе од 204.000 починати.

Би можело да ве интересира

Ејми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховен суд на САД

Ана Ололовска

САД одобриле продажба на оружје за Тајван во вредност од 2,3 милијарди долари

Ана Ололовска

Во САД 63.195 новозаразени, починале 380 лица

Жарко Настоски

Во САД и Франција втор ден по ред рекордни бројки на новоинфицирани

Жарко Настоски

Во САД рекордни над 83.700 новозаразени од Ковид-19 од почетокот на епидемијата

А1он

Бугарија и САД потпишаа документи околу 5Г мрежите и нуклеарната енергија

Жарко Настоски