Зголемен бројот на луѓе што заминуваат од Германија во ИСИС

Од:

Германските служби за безбедност имаат информации дека бројот на исламски екстремисти кои што заминуваат да се борат во Сирија и Ирак постојано се зголемува со што расте можноста по нивно враќање во Европа тие да организираат терористички напади, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Шефот на Федералната служба за безбедност Ханс Георг Маасен вели дека „Безбедносната ситуација е сериозна“. Речиси 800 луѓе според последните анализи досега од Германија заминале да се борат на Блискиот Исток, а една третина од нив се веќе вратени во земјата. Сите повратници се под мониторинг на германските власти.

Од октомври до сега нови четириесетина жители на Германија заминале да се борат во редовите на ИСИС и други радикални групи. Земјата досега не се соочила со сериозни терористички напади како оној во Париз но службите предупредуваат дека постои реална опасност за слични инциденти и во Германија.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он