Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала го потресе Југозападно Мексико, вклучувајќи ја и престолнината.
Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот е регистриран на околу 300 километри југозападно од Мексико Сити.
Засега нема извештаи за евентуални штети или повредени.
Најмалку 6.000 лица загинаа во Мексико, а многу згради се уништени во главниот град во 1985 година во земјотресот со интензитет од 8,1 степени според Рихтеровата скала.