ВИДЕО: Земјотрес со јачина од 7,1 степени го погоди Мексико, 42 загинати

Од:

Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централниот дел на Мексико, соопшти Американскиот геофиизчки институт. Според првичните информации во земјотресит загинале 42 лица.

Мексиканската сеизмолошка агенција претходно информира дека потресот бил со јачина од 6,8 степени според Рихтер, додека некои американски медиуми јавија за интензитет од 7,4 степени.

Земјотресот бил на длабочина од 51 километар под површната на земјата, со епицентар во источниот дел на сојузната држава Пуебла, на осум километри јужно од градот Антенсинго и на околу 65 километри југоисточно од мексиканскиот главен град Мексико Сити.

Првиот човек на Мексиканската агенција за цивилна заштита, Луис Фелипе Пиенте соопшти дека засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.

Мексиканските медиуми јавија дека земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, каде голем број жители во паника ги напуштале своите домови и работни простории.

Земјотреот се случи само неколку часа по завршувањето на комеморацијата во сеќавање на над петте илјади жртви од земјотресот со интензитет од 8,0 според Рихтер, што го погоди Мексико Сити во 1985 година.

Ова е втор силен земјотрес во Мексико овој месец, по оној од 7 септември со интензитет од 8,1 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди јужната мексиканска сојузна држава Чијапас, При потресот загинаа 98 лица, а над 300 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори