Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во реонот крај западниот брег на Мексико, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување од цунами.
Земјотресот бил на 60 километри под дното на Тихиот Океан, со епицентар на 99 километри југозападно до градот Тонала и 157 километри југозападно од градот Тустла Гутиерес.
Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не е објавено ниту предупредување за можна појава на цунами.
Ова е четврти силен земјотрес што го погоди Мексико во последниве две недели. Во претходните потреси животите ги загубија над 400 лица.