Земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала го погоди островот Минданао во јужниот дел од Филипините, известуваат медиумите. И покрај силниот земјотрес, немало опасност од цунами.
Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, источно од градот Суригао, лоциран на крајниот север од островот, кој е втор по големина на Филипините.
Според сведоците, тресење се чувствувало околу една минута, а засега се уште нема пријавено жртви и материјална штета.