Земјотрес на Сицилија, има повредени лица

Од:

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во провинцијата Катанија на италијанскиот остров Сицилија.

Епицентарот на земјотресот бил на територијата на општината Санта Марија ди Ликодија и на длабочина од девет километри. Според локалните медиуми, неколку лица биле хоспитализирани со мали повреди, и во состојба на шок. Како резултат на земјотресот, паднати се дел од фасадите на неколку згради. Локалните власти во општината отцепија поединечни области.

Штети се предизвикани и во две соседни општини – Бјанкавила и Адрано. Потрерсот бил почувствуван на целата територија на провинцијата Катанија, како и во провинциите Ена и Месина и во градот Сиракуза.

Во јули беа објавени извештаи дека научниците забележале нова сеизмичка активност во областа на вулканот Етна, кој е најголем во Европа. Тој исто така се наоѓа во западниот дел на островот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уживаа во базенот на покривот од зградата, а потоа наеднаш бранови: Паника за време на земјотресот во Бангкок

Предраг Петровиќ

Уште еден силен земјотрес, бројот на загинати надмина илјада

ВИДЕО: Снимен моментот на земјотресот во породилиште во Мјанмар

ВИДЕО: Разорниот земјотрес во Мјанмар создаде застрашувачка пукнатина во земјата

Предраг Петровиќ

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Деца загинаа во манастир за време на разорниот земјотрес во Мјанмар

Горан Наумовски

Американскиот геолошки институт предвидува дека илјадници луѓе најверојатно загинале во Мјанмар

Горан Наумовски