Земјотрес ја погоди Фукушима, нема вести за штети на нуклеарката

Од:

Потрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер денеска го стресе регионот кај брегот на јапонската префектура Фукушима, во која се наоѓа нулеарната електрана Фукушима Даичи.

Како што пренесе Јапонската метеоролошка агенција, потресот се случил околу 13 часот по локално време.

Агенцијата соопшти дека не е објавено никакво предупредување за цунами.

Нема никакви извештаи за штети на нуклеарната електрана во тој регион. Досега нема информации за евентуални жртви, пренесе РИА Новости.

Во 2011. година најголемата нуклеарна несреќа по несреќата во Чернобил, се случи во Јапонија кога нуклеарната електрана Фукушима Даичи ја погоди цунами предизвикано од земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтер. Три од шесте реактори во електраната се оштетени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија