Земјоделци ја блокираа Варшава

Од:

Полските земјоделци, собрани околу здружението Агруни, од претпладне ја блокираат Варшава со 200 трактори, барајќи повисоки откупни цени.

Незадоволните земјоделци бараат и нова регулатива со која би се намалил неконтролираниот увоз на земјоделски производи.

Лидерот на Синдикатот Михал Колоѓејчак изјави дека насобраните сакаат нормални трговски услови, пренесува Н1.

– Не сакаме ништо да ни дадете, само сакаме пристојно да заработуваме, а не да не ограбуваат додека работиме напорно, рече тој на протестот.

На почетокот на протестот, полицијата ги запре тракторите, по што земјоделците кои дојдоа од цела Полска се упатија во протестен марш во центарот на Варшава, до зградата на Парламентот.

Демонстрантите бараат, како и на претходниот предупредувачки протест, Владата да донесе закон со кој ќе се забрани откуп на земјоделски производи под цената на производството.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“