Земјите-членки на ЕУ не се договорија да воведат санкции против Белорусија

Од:

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, информираше дека министрите за надворешни работи на ЕУ не успеале да постигнат компромис за санкции против режимот во Белорусија.

-Јасна е нашата волја да усвоиме санкции, но тоа не беше возможно денеска бидејќи не беше постигната потребана едногласност и прашањето ќе треба да го разгледаат шефовите на држави и влади подоцна оваа недела, за да дадат политичка насока, изјави Борел.

Советот за надворешни работи на ЕУ се очекуваше денес да постигне компромис за санкции против лицата инволвирани во бруталната репресија врз демонстрантите во Белорусија, како и за фалсификуваните избори.

Според информациите со кои располагаат медиумите, главниот отпор доаѓа од Кипар кој смета дека треба истовремено да се изречат санкции против Турција поради тензиите во источниот Медитеран.

ЕУ министрите денеска повториле дека изборите во Белорусија од деветти август не ги признаваат и дека Александар Лукашенко не е легитимен претседател, и побараа да се одржат нови избори набљудувани од мисија на ОБСЕ.

Борел нагласи дека ЕУ не се меша во внатрешните работи на Минск.

-Немаме скриена агенда, не сакаме да мешаме во внатрешните работи на земјата, само ги поддржуваме луѓето кои бараат систем во кои можат да ги изберат своите лидерите, бараме само национален дијалог за да се реши сегашната криза, и го поддржуваме суверенитетот на Белорусија.

Би можело да ве интересира

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

САД воведоа санкции за шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Горан Наумовски

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина