Земјата е за две минути поблизу до „крајот на светот“

Од:

Земјата денес е најблизу до „Крајот на светот“ во последниве 30 години, предупредија научниците кои за две минути напред го поместија часот до замисленото „време на нуклеарната апокалипса“.

„Часовникот на апокалипсата“ со најновото поместување сега покажува три, наместо десегашните пет минути до замислената сеопшта катаклизма на Земјата.

Времето „три до 12“ е вториот најкус период до „судниот ден“ од 1947 година, кога е напарвен овој часовник. Светот бил поблизу до „нуклеарна катаклизма“ само во 1953 година, кога САД и поранешниот Советски Сојуз ги произведоа првите хидрогенски бомби.

Научниците поврзани со „Билетот на атомските фиизчари“, меѓу кои се и неколкумина Нобеловци, сметаат дека заканите по Земјата денес се зголемиле како резултат на глобалното затоплување и натрупувањето и модернизацијата на нуклеарното оружје.

Овие научници една годишно ја проценуваат актуелната безбедносна состојба и решаваат за преостанатото хипотетичко време до „часот на апокалипаста“. Од 1947 година научниците досега 18 пати ги поместуваа стрелките на овој часовник.

Последен пат стрелките на „часовникот на апокалипсата“ беа поместени во јануари 2012 година, кога научните заклучија дека Земјата е за една минута поблизу до „крајот на светот“.

Би можело да ве интересира

Земјата ќе ја зафати геомагнетна бура

А1он

ВИДЕО: НАСА тврди дека открила „Супер Земја“

Татјана Ташкова

Официјално прогласено: Почна новата геолошка ера

Ана Ололовска