Земјата ќе ја зафати геомагнетна бура

Од:

Американскиот Центар за предвидување на времето во вселената, кој спаѓа под Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) денеска издаде предупредување за геомагнетна бура која се очекува да почне вечерва и во раните утрински часови и ќе ја зафати целата Земја, но најмногу американскиот континент.

Таа е резултат на долготрајните ерупции на Сонцето, кои се забележани од 26 октомври годинава. Оттогаш, има серија на ерупции кои првично биле послаби. Кога ќе се забележи ерупција од некој од активните региони на Сонцето, во меѓупланетарниот простор се ослободува млаз од плазма, кој се испалува со брзина меѓу 600 и 900 километри во секунда. Вообичаено, потребни се околу два дена за овој поток да стигне до Земјата.

Како последица на магнетната бура се очекува да има прекини во навигацијата и комуникацијата на сателитите. Може да има и рендгенско зрачење (Х-зраци) на висина. Магнетната бура може да влијае на сигналите што се пренесуваат со висока фреквенција, вклучително и од сателитските навигациски мрежи (GPS).

Многу силна магнетна бура имаше и во овој период на октомври во 2003 година и траеше повеќе од две недели.

Според медицината, нарушувањата предизвикани од геомагнетните бури ги погодуваат луѓето кои имаат висок крвен притисок, како и оние со проблеми во кардиоваскуларниот систем, проблеми со спиењето и депресија.

Геомагнетните бури се големи и остри нарушувања на вредностите на магнетното поле на Земјата предизвикани од неговата интеракција со сончевиот ветер. Сопственото магнетно поле на Земјата, кое се создава во нејзиното јадро, создава еден вид штит на нашата планета, во чие отсуство сончевиот ветер би го однел целиот атмосферски слој на Земјата, како што се случило на Марс пред многу години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска

Ден на планетата Земја 2022: Инвестирајте во нашата планета

Ана Ололовска