Земан: Законот за забрана на пушењето е апсурден

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека нема да стави вето на Законот со кој се забранува пушење во јавни простории во Чешка, иако смета дека тој е апсурден.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Земан додаде дека како страстен пушач, би бил доведен во состојба на судир на интереси, доколку го блокира Законот,

Земан оцени дека за него би било разумно да се забрани пушењето во тесни простории, каде што има и деца, на пример во автомобил.

Долниот дом на чешкиот Парламент минатата недела го усвои Предлог- законот за забрана на пушење во јавни простории и угостителски објекти, каде досега имаше одделени места за пушачи, кои не беа без физичка одвоени од останатиот дел.

Предлогот ќе биде разгледуван и од Горниот дом на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница