Земан: Укинувањето на задолжителната вакцинација во Чешка е грешка

Од:

Претседателот на Чешка, Милош Земан, денеска ја критикуваше новата коалициска влада на десниот центар за укинувањето на обврската за вакцинирање на лицата над 60 години и група професии воведени од претходната влада минатата есен и го предупреди премиерот Петр Фијала дека тоа било грешка.

„Тоа е грешка. Не само Австрија, туку и Германија и Белгија размислуваат за задолжителна вакцинација, со време ќе се приклучат и други земји бидејќи ќе дојдат нови мутации и би било добро да се заштитиме“, рече претседателот Земан во интервју за чешката телевизија Прима.

Чешкиот претседател нагласи дека сега нема причини за демонстрации против вакцинацијата во Чешка, бидејќи со ширењето на мутацијата Омикрон, „помина најлошото во пандемијата на Ковид-19“.

„Речиси сите во оваа земја веќе имале Ковид. Се намалува бројот на хоспитализирани и пред се починати, а можеме да се надеваме дека за 14 дена ќе видиме крај на епидемијата. Од тоа произлегува дека демонстрантите немаат од што да се плашат бидејќи најлошото е зад нас“, рече Земан.

Тој најави дека ќе го потпише Законот за пандемија што го донесе Претставничкиот дом оваа недела и покрај опструкциите на радикалните националисти од партијата Слобода на директна демократија, а моментално е во Сенатот на Парламентот.

Овој закон ѝ овозможува на Владата да не посегнува кон порадикални ограничувања на слободите на граѓаните во борбата против пандемијата, како што беше вонредната состојба што беше на сила првите две години од пандемијата за време на претходната влада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница