Земан стави вето на законот за спречување судир на интереси

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан стави вето на Предлог-законот со кој се предвидуваат измени на Законот за спречување на судир на интереси, т.н. „Лекс Бабиш“, информираше на Твитер неговиот портпарол Јиржи Овчачек.

Според Земан, прописот не е во согласност со чешкиот уставен поредок и меѓународните договори и се меша во слободата на поединецот и неговите основни права.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, предлог-законот, наречен „Лекс Бабиш“, предизвика расправа во јавноста, во која беше вклучен и актуелниот министер за финансии Андреј Бабиш, кој со новите измени ќе ја изгуби можноста да аплицира за субвенции, јавни набавки и поволности за инвестирање во компанијата која ја поседува.

Неговата партија АНО, која е во владината коалиција остро ги критикуваше амандманите, оценувајќи ги како спротивни на европските правила за заедничка земјоделска политика, а предложени со единствена цел да му се наштети на политичкиот конкурент пред локалните избори идната година.

За Измените повторно ќе расправаат чешките пратеници и доколку го изгласаат, претседателот нема право на вето.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница