Земан: Со терористи не се преговара туку се војува

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан во Ерусалим при средба со неговиот израелски колега Шимон Перес ја нагласи потребата за борба против тероризмот, јавија чешките медиуми.

Земан, како што пренесе дописникот на МИА од Прага смета дека преговорањето со терористите, нив ги прави посилни и затоа не треба да им се дава таа можност и треба со нив да се војува.

Борбата против меѓународниот тероризам е заедничка задача не само на Република Чешка и Израел, но и на целиот цивилизиран свет, додал Земан на почетокот на тридневната официјална посета на Израел, кој го опишува како остров на демократијата на Блискиот Исток.

Земан ја повторил својата оценка за умерената политика на Европската унија против терористите, која ја смета за погрешен пристап слично на оној во 30-тите години на минатиот век, како што била политиката на попуштање на западните сили против нацистичка Германија.

– Нема преговори со терористите, туку војна. Бидејќи кога со нив не се борите, следи зајакнување на меѓународниот тероризам и идниот бој ќе биде покомплициран отколку актуелниот, вели Земан.

Според него, Чешка изразува полна пријателска поддршка на Израел како „остров на демократијата и како технолошки тигар“. Тој, потсети дека Чешка неодамна понуди нејзините војници да учествуваат во рамки на мисијата на ОН на Голанската висорамнина, како и дека Министерството за одбрана, исто така, испраќа транспортни авиони ЦАСА, со екипаж на Синајскиот Полуостров.

Земан, исто така, го нагласил фактот дека Чешката Република во ЕУ го поддржал вклучувањето на военото крило на либанското движење Хезболах во Европската листа на терористички организации, потег кој беше поздравен од Израел. Во наредните денови, Земан го чека посета на источниот дел на Ерусалим , односно окупираниот дел од 1967 година.

На новинарското прашање зошто не посети и палестинска територија, Земан истакна дека е во посета на Израел и програмата ја одредуваат домаќините.

– Кога патувате во Романија, исто така не морате да ја посетите Србија, додава чешкиот претседател. Само пред неколку дена, Земан ги разбуди страстите со предлогот да се префрли чешката амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Контроверзната изјава на претседателот, по првичниот бран на критики дома, неколку дена подоцна се обиде да ја смири директорот на Меѓународниот оддел на претседателската канцеларија Хинек Кмоничек.

– Она што претседателот го мислеше, е дека израелско-палестинскиот спор ќе заврши со мирно решение во форма на двете држави, а Чешка потоа радосно ќе ја префрли амбасада од Тел Авив во Ерусалим”, објасни Кмоничек за чешката телевизија. Кон ова прашање, се врати и Земан дообјаснувајќи се себеси.

– Преместувањето на амбасадата ќе дојде в предвид дури по крајот на мировниот процес, рече Земан за порталот „Иднес”.

Изјавата на Земан, претходно предизвика реакции на голем број на организации од арапските држави и други регионални движење.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница