Земан: Разумно решение за грчката криза е излегување на земјата од еврозоната

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан смета дека излегувањето на Атина од еврозоната ќе биде единствено разумно решение на грчката криза, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што пренесе неговиот портпарол Јиржи Овчачек, Земан смета дека финансиската состојба на Грција не оди во прилог на чешкото влегување во еврозоната.

– Претседателот и натаму е убеден дека Чешка треба да влезе во еврозоната, но на друга страна сосема го прифаќа контра аргументот дека финансиската ситуација на Грција не го поддржува тој влез, бидејќи како членка на еврозоната Чешка ќе треба да ги плати грчките долгови, рече Овчачек.

Тој оцени дека Земан останува на ставот дека не може од чешките даночници да се бара да ги кријат долговите на друга држава со нерамноправна економска политика и затоа поддржува излез на Грција од еврозоната.

Земан порача и дека не е разумно да им се верува на грчките ветувања со оглед на тоа што за разлика од другите земји Грците неколкупати не ги решија своите проблеми.

Земјите членки на еврозоната се договорија на Грција да и се предложи третата програма за помош од Фондот за спас на еврозоната, со услов да почнат со големи реформи.

Чешка заедно со Велика Британија одби да гарантира заем за Грција и се противи на земјата да и се дава директен заем.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница