Чешкиот претседател Милош Земан во Терезин, поранешен концентрационен логор на нацистите, предупреди на опасноста од исламските радикали и од рамнодушноста, која според него, придонесува за пораст на омразата, јави дописникот на МИА од Прага.
Земан, за време на комеморацијата во чест на неколку илјади Евреи кои за време на Втората светска војна од ова транзитно гето биле депортирани во смрт, направи споредба меѓу 40-те години на минатиот век кога, како што рече, „општеството беше поделено со расна омраза и денес кога од југот доаѓа верска омраза”.
Земан го повтори својот повик за активна одбранбена акција против базите и ограноците на радикалната група Исламистичка држава (ИД).
– Луѓето повторно се поделени во две групи, група на верници и неверници, каде спаѓаат оние кои изразуваат поинаква вера од идеологијата на ИД, рече Земан.
– Би сакал да најдеме храброст за да да се ослободиме од рамнодушноста, стравот, да не велиме дека кај нас не се случува ништо, рече Земан, кој додаде дека во логорите на ИД сега можеби имаат воени вежби на оние кои можат ќе ја нападнат и Чешка.