Досегашниот претседател на Чешка, Милош Земан, кој вчера освои нов петгодишен мандат, рече дека ова е негова последна политичка победа. Обраќајќи им се на приврзаниците, тој вети дека ќе работи како и досега.
„Ова е моја последна политичка победа, нема да има политички порази“ рече Земан.
По пребројувањето на резултатите, Земан (73) победи со 51,4 отсто од гласовите, додека поранешниот претседател на Академијата на науката, Јиржи Драхош (68) доби 48,6 проценти.
Драхош го призна поразот и му честиташе на Земан. Тој најави дека планира да остане во политиката.
Земан се залага за блиски односи со Русија и Кина, додека Драхош е неклонет кон ЕУ.