Земан: Новинарите се како досадни оси кои треба да се згмечат

Од:

Претседателот на Чешка Милош Земан именуваше нови судии и нов министер за правда, кои јавно ги советуваше дека кон новинарите треба да се однесуваат како кон досадни оси, кои треба да се згмечат.

– Сакам да ве предупредам да не подлегнувате на илузијата дека новинарите ви се восхитуваат, во вас гледаат медиумски ѕвезди. Не. Сакаат од вас да извлечат информации за себе, често таблоидите, а тоа никогаш не е добро. Новинарите се нешто како оси кои ќе кружат околу вас. Настојувајте да ги згмечите, но внимавајте да не ве боцне осилото, изјави чешкиот претседател.

Земан, покрај новите 40 судии, неочекувано именуваше и министер за правда, досегашниот потпретседател на Легислативниот совет на владата Јан Књежинек, бидејќи досегашната министерка Татјана Мала под притисок на стручните правни кругови и медиуми поднесе оставка, кога се покажа дека делови од нејзините два доктората, се плагијати.

Премиерот Андреј Бабиш соопшти дека по оставката на Мала тој самиот ќе го преземе ресорот правда додека не најде нов министер, меѓутоа, по предупредувањето на медиумите дека е незамисливо министерот за правда, дури и привремено, да биде човек под кривична истрага за злоупотреба на евро дотација, како Бабиш, и жестоките протести на опозицијата дека Чешка станува Апсурдистан и некаков Бабишистан, Бабиш се предомисли.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница