Земан: Ни требаат единици кои ќе ги ликвидираат терористичките лидери

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан смета дека против исламистите е потребна координирана акција под покровителство на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), јави дописникот на МИА од Прага.

– Ни требаат мали воени единици опремени со беспилотни авиони и хеликоптери, кои ќе соработуваат со службите за разузнавање и кои ќе ги уништат лидерите на терористичките организации и нивните центри, рече Земан на дебатата на Генералното собрание на ОН во вторникот.

Според чешкиот претседател, тероризмот е главната закана за човечката цивилизација и оцени дека миграциската криза со која се соочуваат речиси сите европски земји е резултат на терористичките акции во Блискиот Исток и во Африка.

– Убаво е да се критикува тероризмот, убаво е да се организираат демонстрации и протести против тероризмот и да се подготвуваат декларации. Мислам дека Абу Бакр ал Багдади ќе ги прочита внимателно, рече Земан со доза на иронија, споменувајќи го лидерот на радикалното движење Исламска држава (ИД), кое во текот на изминатата година окупира големи области во Ирак и Сирија.

Земан, смета дека во врска со тероризмот постојат три заблуди. Првата е претпоставката дека тероризмот ќе исчезне и дека само со локалните ресурси се смета дека може да се елиминираат терористичките акти.

Втората е дека терористичките организации се сведуваат само на ИД, а се занемаруваат многу други организации како Ал Каеда, талибанците, Фронт Ан Нусра, Боко Харам и други, кои според негови сознанија се наоѓаат под „чадорот“ на исламистичкото движење Муслиманско братство.

За Земан, третата заблуда е основана врз стандардната форма на војната против тероризмот и тој подвлекува дека треба да се бараат нови форми на борба, предлагајќи координирана акција под покровителство на Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Во Њујорк: Автомобил полн со канти со бензин удри во луѓе, загинаа две лица, а петмина се тешко повредени

Горан Наумовски

Ден на жалост во Чешка