Земан: Напаѓачите во Германија треба да бидат протерани

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан смета дека напаѓачите, од кои дел биле имигранти, а кои на Новогодишната ноќ нападнаа жени во неколку германски градови, треба веднаш да бидат депортирани.

– Се потврдуваат стравувањата од негативните влијанија на мигрантите во европските земји. Извршителите на овие напади, би требало веднаш да бидат протерани, го пренесе ставот, портпаролот на претседателот, Јиржи Овчачек.

Германската полиција во Келн го испитува инцидентот на Нова Година, за кој се осомничени 23 лица. Најмалку десетмина од нив се лица кои бараат азил, а најмалку седум илегално престојувале во Германија.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Во близина на Истанбул е откриен дрон полн со експлозив

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски