Чешкиот претседател Милош Земан, говорејќи за бробата против тероризмот на средба со странските дипломати во Прага, порача дека терористите треба да се убиваат, објавија чешките медиуми.
– Притоа е сеедно дали тие се дел од Ал Каеда, талибанците или Исламска држава (ИД), оцени Земан, додадавајќи дека терорист е секој оној кој со умисла убива цивили.
Земан, долго време се залага за жестока акција против терористите и неодамна изјави дека Чешка би требало да биде поактивна во борбата против сунитско-исламистичката група Исламска држава (ИД).