Во случај исламските милитанти во поголем број да влезат во Чешка, претседателот на државата Милош Земан, иако не е војник, како што самиот изјави – ќе земе пушка и ќе се бори, јави дописникот на МИА од Прага.
Тоа Земан го напиша на интернет одговарајќи на прашања на читателите на порталот „Парламентни листи”.
Според Земан, поголем ризик од милитантите се нелегалните бегалци и тој смета дека границите треба да ги чува војската.
Земан, додаде дека планира во Обединетите нации да предложи формирање меѓународни сили за борба против тероризмот, кои би биле ударна команда, а не огромна единица.