Земан ја прифатил оставката на Соботка уште пред и да ја поднесе

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан денеска го „шокираше“ премиерот Бохуслав Соботка, прифаќајќи ја неговата оставка, пред тој и официјално да ја поднесе, објавија американските медиуми.

Соботка во вторникот соопшти дека тој и владата на чие чело се наоѓа ќе отстапат од позициите, на помалку од шест месеци пред истекот на мандатот, за да се пресече долготрајниот спор што го води против министерот за финансии, милијардерот Андреј Бабис, неговиот главен политички противник.

Соботка денеска беше во Прашкиот замок, каде е седиштето на претседателството, на консултации со претседателот на земјата. Тој претходно најави дека нема денеска да поднесува оставка, а планира тоа да го стори кон средината на мај.

Меѓутоа, по неговото доаѓање во замокот, Земан рече дека ја прифаќа неговата оставка, му се заблагодари на досегашната работа и побара членовите на владата да останат на своите места додека не го именува новиот премиер.

Видно возменирен Соботка одговори дека „сцената била непотребна“, а потоа заедно со Земан замина на приватни разговори, пишуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница