Чешкиот претседател Милош Земан им посака на луѓето за следната година, опасен живот полн со ризици, битки и победи, јави дописникот на МИА од Прага.
Земан во изјавата за Радиото „Фреквенција 1“ рече дека „посакувањето здравје, среќа и долги живот е малку и тоа би било само убава фраза“.
– Знаете што би ви посакал драги слушатели? Опасен живот. Живот полн со ризици, полн со битки и внимавајте, сега доаѓа најважното, полн со победи. Затоа што ако не водите никакви битки, не можете да победите. Ви посакувам успех, рече чешкиот претседател.