Чешкиот претседател Милош Земан смета дека Чешка може да го воведе еврото, дури во моментот кога ќе биде решено учеството на Грција во еврозоната.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, ова го изјави неговиот портпарол Јиржи Овчачек во дебатата за чешката телевизија „Прима“.
Досега, Земан беше поддржувач на брзо усвојување на еврото во земјата, но и претходно предупредуваше на грчките проблеми.
Тој, во јуни изјави дека противниците на воведувањето на заедничката европска валута во Чешка, сметаат дека доколку земјата влезе во еврозоната и се заканува опасност дека ќе мора да дава неповратна помош кон Грција и на други евентуални економии кои пропаѓаат.
Според досегашните анализи и експертски мислења, Чешка може да го прими еврото во 2020 година. Анкетите покажуваат дека 72,6 проценти од Чесите би ја поддржале заедничката европска валута.