Околу 10 милиони бегалци од Африка би можеле да се преселат во Европа во текот на следните години, доколку не се смени политика, предупредува чешкиот претседател Милош Земан.
– Ако ЕУ не собере храброст да ги зајакне своите надворешни граници, за што постојано зборува но ништо не презема, тогаш ќе имаме 10 милиони бегалци во следните неколку години, истакна Земан.
Според него приливот на бегалци од муслиманските земји е закана за европската култура, бидејќи тие две култури не се компатибилни.
Земан саркастично се согласи со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, која смета дека исламот има место во европската култура, нагласувајќи дека „исламот дефинитивно припаѓа тука поради војната со Отоманското царство“.
Чешкиот претседател смета дека ЕУ наместо да ги прифати бегалците, треба финансиски да им помогне во државите од каде што тие пристигнуваат.
Чешка, заедно со Унгарија и Полска, одбива да прими мигранти согласно договорот на ЕУ за нивна распределба.З