Зеленски: За Украина е многу важно да има партнер како Велика Британија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека за време на неговата дводневна посета на Велика Британија, главни теми на разговор биле долгорочните капацитети на Украина, стратегијата за поморска безбедност и одбранбената соработка со цел постигнување праведен мир.

„Многу е важно и симболично за Украина и Украинците да имаат толку силен и непоколеблив партнер како Обединетото Кралство. Нашата соработка обезбедува повеќе решенија за борба против тиранијата, а британското раководство ги инспирира другите земји. Не смееме да ја изгубиме нашата решителност во иднина “, напиша тој. Зеленски на каналот Телеграм, пренесе Укринформ.

Тој им се заблагодари на Велика Британија и на премиерот Кир Страмер за поддршката на Украина и на Украинците.

Би можело да ве интересира

Трамп ја стопира воената помош за Украина

Предраг Петровиќ

Трамп: Зеленски ја даде најлошата можна изјава, Америка нема да трпи уште долго

А1он

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Трудо: Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува

Катерина Ѓуровски

Кралот Чарлс нема проблем што Зеленски не носи одело

Катерина Ѓуровски