Зеленски: Вративме повеќе од 1.000 квадратни километри од окупирана територија

Од:

Освоивме повеќе од 1.000 квадратни километри територија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Нашите херои веќе ослободија десетици населени места. И денеска продолжи напредувањето, има нови резултати. Од 1 септември вкупно се ослободени повеќе од илјада квадратни километри од нашата територија, рече Зеленски во синоќешното обраќање.

Тој потврди дека Украина ќе добие 675 милиони долари воена помош од САД и една милијарда долари од пакетот составен од голем број европски земји.

– Секој од овие чекори на нашите партнери навистина влијае врз силата на нашата земја и на цела Европа во одбраната од рускиот терор, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ