Зеленски: Војната во Украина може да заврши за време на претседателството на Кипар со Советот на ЕУ

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека војната на Русија против Украина би можела да заврши за време на кипарското претседателство со Советот на Европската Унија, кое ќе трае во првата половина од годината.

– Додека Кипар го започнува своето претседателство со Советот на ЕУ, забележуваме дека преговорите достигнаа нова пресвртница заедно со нашите европски партнери и, секако, со Соединетите Американски Држави. Искрено веруваме дека оваа војна може да се заврши за време на вашето претседателство со Советот на ЕУ, рече Зеленски.

Тој додаде дека Европската Унија треба да игра клучна улога во процесот на преговори.

Би можело да ве интересира

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина

Зеленски: Русија бара Украина да се повлече од Донбас во рок од два месеци

29 лица загинаа откако се урна руски воен транспортен авион во Крим

Захарова: Зеленски зема милијарди од ЕУ, а им се заканува на лидерите на земјите-членки

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април