Зеленски: Во рускиот напад кај Буча загинаа 38 лица, 20 се повредени

Од:

Во рускиот напад врз село во близина на Буча во регионот Киев загинаа 38 лица, 20 се повредени, меѓу кои и две деца, а четири лица се водат како исчезнати, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Работата за отстранување на последиците од рускиот напад во селото Мила во регионот Киев продолжува. Пожарникарите успеаја да ги изгаснат повеќето пожари. Пиротехничките единици на Државната служба за вонредни состојби исто така работат деноноќно на местото на нападот, пронаоѓајќи и отстранувајќи експлозивни направи, рече Зеленски.

Тој додаде дека областа е силно контаминирана со експлозиви и дека нивното отстранување ќе трае колку што е потребно, објави Укринформ.

„За жал, познато е дека 38 лица загинаа во нападот и последователната детонација. Изразувам сочувство до нивните семејства и најблиските. 20 лица се повредени, меѓу кои и две деца. Четири лица се водат како исчезнати. Потрагата по нив продолжува“, рече Зеленски.

Според него, во последните денови во Киев и во други делови на Украина имало многу предупредувања за руски млазни беспилотни летала, поради што понатамошното зајакнување на заштитата на населението во моментов е приоритет.

Би можело да ве интересира

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

Фронмајер до Мерц: „Какво е ова лудило – им земате на Германците за да ѝ давате на Украина“

Вајдел бара Зеленски во Берлин да одговори на наводите за незаконско приведување и малтретирање луѓе