Зеленски: Во моментов не е добро време за избори во Украина

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва изјави дека не е време за избори во таа земја, туку дека земјата „се концентрира на борбата против окупаторите“.

„Сите разбираме дека е време на војна, има многу предизвици. Апсолутно е неодговорно да се става прашањето за избори меѓу народот толку лесно. Очекувам конкретни одговори од сите надлежни структури и власти во однос на задачите со кои се соочува нашата земја. Тоа важи и до цивилните власти, воените елементи на државата и владините функционери во Врховната Рада и Службата за безбедност на Украина, како и други агенции за спроведување на законот“, рече Зеленски, пренесе „Украинска правда“.

Тој повтори дека сега не е време за избори.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он