Зеленски: Во изминатата недела Русија ја нападна Украина со повеќе од 160 проектили

Од:

Во текот на изминатата недела, руските сили лансираа повеќе од 160 проектили од различни типови, 780 бомби UAB и 400 беспилотни летала врз украинските населби, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Апсолутно е фер Украинците да можат да одговорат на рускиот напад точно онолку колку што е неопходно за да се запре. Секој ден и секоја вечер нашите градови и села се под непријателски напади. Само во изминатата недела Русија употреби повеќе од 160 проектили разни типови против нашиот народ, 780 наведувани бомби и 400 ударни дронови од различни типови“, напиша Зеленски на Телеграм.

Тој нагласи дека за правичен украински одговор потребна е поголема поддршка за целосна заштита и обезбедување на украинските градови од руска агресија.

Би можело да ве интересира

Трамп ја стопира воената помош за Украина

Предраг Петровиќ

Трамп: Зеленски ја даде најлошата можна изјава, Америка нема да трпи уште долго

А1он

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Трудо: Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува

Катерина Ѓуровски

Кралот Чарлс нема проблем што Зеленски не носи одело

Катерина Ѓуровски