Зеленски: Важно е да се сретнам со Трамп пред тој да се сретне со Путин

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е важно неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп да се одржи пред разговорите на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи во спротивно, како што наведе, тоа ќе биде дијалог „за Украина без Украина“.

Зеленски во интервју за Ројтерс рече дека верува дека ова, пред сè, ќе биде неправедно кон Украина, но и дека нема да обезбеди реални изгледи за завршување на војната, ниту за прекин на огнот.

– Важно е прво партнерите да разговараат, а дури потоа да разговараат со непријателот. Мислам дека треба да дејствуваме во тој контекст, рече Зеленски.

Зеленски рече дека во САД, Европа и Украина се зборува дека Трамп веќе договорил се со Путин, а Украина за тоа дури подоцна ќе биде информирана.

– Тоа нема да се случи, сигурен сум во тоа. „Треба да разбереме дека Украина оди на преговори, а не на ултиматуми од Русија“, нагласи Зеленски.

Според него, таквите ултиматуми ќе станат барања не само за Украина, туку и за целиот слободен свет и „тоа не може да се дозволи“.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: Украина испраќа борбени роботи на фронтот поради недостиг на војници

„Интерфакс“: Руската војска уништи 92 украински дронови

„Ноје Цирихер Цајтунг“: Тешките денови за Украина, руските напади и зимaта го „кршат“ Киев

Зеленски: Украина и САД работат на документи за завршување на војната

„Фајненшл тајмс“: Лондон и Париз нема да испратат војници во Украина без поддршка од Трамп

Зеленски го отфрли тврдењето на Трамп дека Украина е пречка за мирот